ДОБИЛ КАЗНА ОД ПОЛИЦАЕЦ, ПА TЕЛЕФОНСКИ СЕ ЗАКАНУВАЛ Скопјанец приведен по пријава од сообраќаец

34-годишниот скопјанец му се јавил на сообраќајниот полицаец откако претходно бил санкциониран за сообраќаен прекршок.

49

34-годишен скопјанец е приведен под сомнение дека телефонски му се заканувал на полициски службеник откако претходно добил казна за сообраќаен прекршок.

Според МВР, полицаецот пријавил дека на 29 септември добил телефонски повик од Б.С. (34), кој му упатувал закани поради изречената санкција.






Случајот го презеле полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, кои на 30 септември во 15:40 часот го привеле 34-годишниот скопјанец.

Од МВР информираат дека случајот се документира, по што против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини