📽️ ТЕПАЧКАТА НА ЛЕТОТ ЗА ИЗРАЕЛ ЗАВРШИЛА КРВАВО Авионот паднал 4.200 метри за 30 секунди во обид за терористики напад?

Новите детали укажуваат дека копилотот наводно го избодел капетанот, по што авионот за помалку од 30 секунди изгубил речиси 4.200 метри висина пред да биде стабилизиран и пренасочен кон Саудиска Арабија.

233

Летот FZ1073 од Дубаи кон Тел Авив, кој претходно предизвика тревога поради физичка пресметка во пилотската кабина, сега доби многу посериозен пресврт. Според двајца израелски функционери, моменталната проценка е дека можеби станувало збор за обид за терористички напад, а не за проблем поврзан со менталното здравје на пилотите.

Според нив, копилотот се сомничи дека го избодел капетанот, по што членови на кабинскиот екипаж влегле во пилотската кабина и ја презеле контролата врз авионот. И двајцата пилоти подоцна биле хоспитализирани во Саудиска Арабија.






Авионот нагло изгубил 4.200 метри

Податоците на Флајтрадар24 покажале дека Боингот 737 нагло се спуштил за речиси 14.000 стапки, односно околу 4.200 метри, за помалку од 30 секунди пред да биде испратен првиот сигнал за помош. Потоа бил активиран и сигнал што укажува на можно незаконско мешање во летот.

Сè уште не е јасно кој точно ги испратил сигналите од авионот.

 

Израелските медиуми објавија различни верзии за мотивот. Дел од нив тврдат дека еден од пилотите се обидел да го урне авионот во можен самоубиствен обид, но оваа верзија засега не е официјално потврдена.

Израелските власти, пак, велат дека нивната актуелна проценка е можен терористички напад.

Крв во кабината и врескање меѓу патниците

Патничка на летот, според сведоштво што го пренесоа израелските медиуми, слушнала врескање и видела човек со нож како принудува еден од пилотите да легне на подот. Таа опишала и крв во авионот, додека медиумите објавија фотографија од крвава маица чија автентичност Ројтерс не можел независно да ја потврди.

Инцидентот предизвика итни безбедносни консултации во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги откажал останатите обврски за денот за да се занимава со кризата, додека авионот безбедно слетал во Табук во Саудиска Арабија.

Сите патници биле безбедни.

ПИЛОТИТЕ СЕ ТЕПАЛЕ ВО КАБИНАТА, ИЗРАЕЛ КРЕНАЛ БОРБЕНИ АВИОНИ Еден сигнал предизвикал тревога над Блискиот Исток

 

 

Поврзани содржини