ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ЗАПОЧНУВА НА 15 ОКТОМВРИ Услов за нејзино порано почнување е прогнозирана температура од 12 степени

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.

42

Грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

Според законските прописи, грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.






Согласно Правилата  за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06.00 до 22.00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.

Поврзани содржини