ПИЛОТИТЕ СЕ ТЕПАЛЕ ВО КАБИНАТА, ИЗРАЕЛ КРЕНАЛ БОРБЕНИ АВИОНИ Еден сигнал предизвикал тревога над Блискиот Исток
Активираниот код за незаконско мешање првично бил протолкуван како можно киднапирање, по што Израел кренал борбени авиони и свикал итни безбедносни консултации.
Лет со 174 патници на Флајдубаи од Дубаи кон Тел Авив се претворил во безбедносна тревога откако авионот прво испратил сигнал за помош, а потоа и код 7500, кој се користи при сомневање за незаконско мешање или киднапирање.
Во тој момент израелските власти сè уште не знаеле што се случува во авиплонот, а дополнителна загриженост предизвикал и прекинот во комуникацијата со екипажот.
– Немаме сигурни информации дека станува збор за киднапирање, но пилотот активирал сигнал за помош – изјавил израелски безбедносен службеник.
Авионот во меѓувреме се свртел и се вратил во саудискиот воздушен простор, каде што почнал да лета на помала надморска височина.
Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, а премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац свикале итни безбедносни консултации.
Полицијата наредила формирање заеднички команден центар со безбедносните служби.
– Се подготвуваме за секое можно сценарио – изјавил шефот на израелската полиција Дени Леви.
Надлежните служби подоцна утврдиле дека тревогата не била предизвикана од киднапери, туку од физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во кабината.
Авионот со сите 174 патници на крајот безбедно слетал во Саудиска Арабија.