📽️ ПОМИНА, ПА СЕ ВРАТИ ДА ЈА ПРАША ДАЛИ Е ДОБРО Том Круз сакал да утеши жена која изгледала вознемирено, а таа само „скролала“ на телефон

Надзорната камера го снимила моментот кога актерот се вратил за да провери зошто жената клечи на подот и дали е сѐ во ред со неа.

123

Една обична пауза на работа за една вработена во кујна се претворила во сцена која веројатно долго ќе ја раскажува. Жената седела со наведната глава и гледала во телефонот, кога покрај неа поминал Том Круз.

Од негова перспектива, ситуацијата веројатно изгледала сосема поинаку. Положбата во која седела му оставила впечаток дека е вознемирена, па актерот се вратил назад за да провери дали е добро.






Снимката од надзорната камера покажува како Круз ѝ приоѓа одзади и нежно ја допира за да ѝ го привлече вниманието. Кога жената ја подига главата, веднаш сфаќа кој стои пред неа па го поздравува, а тој сфаќајќи дека таа само скролала по телефонот, срдечно се смее.

Подоцна таа објаснила дека „doomscrolling“-от, односно бескрајното скролање низ лоши, вознемирувачки или негативни вести и објави, направило да изгледа како да има лош ден.

Жената признала дека во моментот била толку изненадена што едвај успеала да реагира кога сфатила дека ѝ се обраќа токму Том Круз.

Подоцна повторно се сретнале и таа успеала да направи и фотографија со него.

Снимката за кратко време стана вирална, а вниманието не го привлече само фактот дека жената налетала на еден од најпознатите холивудски актери, туку на социјалните мрежи се коментираше неговата реакција – наместо само да продолжи по својот пат, тој застанал затоа што помислил дека на жената ѝ треба помош.

Сепак, не беа сите реакции исти. Дел од корисниците се прашуваа дали објавувањето на снимката токму во периодот кога Круз го промовира својот нов филм „Digger“ можеби има и промотивна страна. „Гардијан“ го забележа и тој скептицизам, иако за самата средба нема доказ дека била однапред организирана, особено со оглед на тоа што целата средба е снимена од надзорната камера.

Луѓе кои тврдат дека работеле со Круз оставиле коментари дека ваквото однесување не им е непознато. Еден поранешен колега споделил дека актерот и порано покажувал слично внимание кон луѓето околу себе. Други го опишале како човек кој знае да одвои време за обожавателите и колегите.

Поврзани содржини