ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара притвор за да не влијае врз оштетениот

15

Обвинителство поведе истражна постапка против инспекторката за храна за која постои основано сомнение дека примила поткуп.

Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа. Наведениот износ го примила на 25.09.2026 и тогаш му го предала на оштетниот и Записникот од извршен инспекциски надзор.






Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице – инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Како што соопшти полицијата, инспекторката вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, Д.М.(42) од Скопје, е лишена од слобода.

Поврзани содржини