„КРАЉ ЛАДИСЛАВ“ И „КНЕЗ ТРПИМИР“ НЕ ПОМИНАА НА ХРВАТСКА ГРАНИЦА Авганистанци набавиле лажни лични карти, но чудните имиња ги издадоа

Двајцата браќа, од кои едниот е малолетен, ги набавиле фалсификуваните документи во Атина.

103

Двајца браќа од Авганистан биле уапсени на аеродром во Хрватска додека се обидувале да се качат на лет за Германија. Полицијата утврдила дека тие влегле во Хрватска од Грција со фалсификувани хрватски лични карти.

Случајот го привлече вниманието и поради необичните имиња наведени во документите. Според информациите објавени од порталот „Далмација“, малолетниот брат користел лична карта на која стоело името „Крал Ладислав“, додека неговиот полнолетен брат имал документ на име „Кнез Трпимир“.






По приведувањето, полнолетниот брат бил изведен пред истражен судија на Окружниот суд, кој му одредил притвор поради опасност од бегство. Малолетникот бил сместен во Дом за деца и млади.

Според истиот портал, браќата ги набавиле фалсификуваните документи во Атина.

Случаи со фалсификувани документи на хрватската граница се регистрирани и претходно. Според последниот годишен полициски извештај, во текот на 2025 година на хрватската надворешна граница биле откриени 199 фалсификувани документи и 26 случаи на употреба на туѓи документи.

Поврзани содржини