ФОЛКСВАГЕН ПОВЛЕКУВА ОКОЛУ 4 МИЛИОНИ ВОЗИЛА Можни се проблеми со системот за управување

Станува збор за моделите Tiguan, Touran, Golf Variant, Caddy и Golf произведени помеѓу септември 2013 и јули 2024 година.

72

Германскиот производител на автомобили Фолксваген повлекува околу четири милиони возила од различни марки, што е најголемата операција од скандалот Дизелгејт, објави денеска весникот Ханделсблат.

Повлекувањето е поради можни проблеми со системот за управување на возилото.






Станува збор за моделите Tiguan, Touran, Golf Variant, Caddy и Golf произведени помеѓу септември 2013 и јули 2024 година. Околу 700.000 возила Audi Q3 произведени помеѓу 2017 и 2024 година се исто така погодени од истиот технички проблем.

Можно е да бидат погодени и возила од компанијата Seat, која исто така припаѓа на Фолксваген, и моделите Ateca и Tarraco произведени помеѓу 2013 и 2024 година.

За другите возила на концернот, како што е Шкода, не се знае дали го имаат истиот технички проблем.

Поврзани содржини