📽️ РОНАЛДО НЕ ПОГОДИ НИ ПРЕД ПРАЗЕН ГОЛ ПРОТИВ ВЕЛС Кога конечно ја затресе мрежата, ВАР покажа офсајд
Кристијано Роналдо упатил седум удари, но не успеал да постигне гол во победата на Португалија од 1-0. Најголемата шанса ја испуштил од непосредна близина, а потоа ВАР му поништил гол поради офсајд.
Кристијано Роналдо имал вечер за заборав во Лисабон. Португалија го победила Велс со 1-0 на стартот од Лигата на нации, но капитенот промашил неколку големи шанси, меѓу кои и една пред практично празен гол, а кога конечно ја сместил топката во мрежата – ВАР утврдил офсајд.
Роналдо бил во центарот на нападот и упатил седум удари, три повеќе од кој било друг фудбалер на теренот. Но, топката едноставно не сакала во гол.
На почетокот од второто полувреме ја добил најголемата шанса. Рубен Невеш испратил одлична топка од десната страна, Роналдо останал сам во шеснаесетникот, но од непосредна близина ја испратил над голот. По промашувањето клекнал зад гол-линијата и не можел да поверува што пропуштил.
Неколку минути подоцна повторно се нашол пред практично празна мрежа, но ниту тогаш не успеал да ја претвори шансата во гол.
WTF WAS RONALDO DOING HERE 😭😭😭 https://t.co/4TZ8ZuqlUX
— fezztalks (@Fezztalks) September 24, 2026
Околу еден час игра Роналдо конечно го совладал голманот Дени Ворд и ја затресол мрежата. Радоста траела кратко – ВАР утврдил дека Португалецот бил во офсајд и голот бил поништен.
Седум минути подоцна Жорж Жезус го повлекол од игра. Роналдо го симнал капитенското лентче и го напуштил теренот со видливо незадоволство, но домашната публика го испратила со силен аплауз.
Она што не му успеало на Роналдо, му успеало на Жоао Феликс. Во 22. минута тој шутирал од работ на шеснаесетникот, топката го закачила капитенот на Велс, Бен Дејвис, и завршила во мрежата за конечни 1-0.
Португалија доминирала и создала далеку повеќе шанси, но Феликс останал единствениот стрелец. Тоа била и првата победа на Жорж Жезус како селектор на Португалија.
За 41-годишниот Роналдо натпреварот бил 234. настап за националниот тим. По Светското првенство тој навестил дека се приближува крајот на неговата репрезентативна кариера, но потоа решил да продолжи и бил повикан во првиот состав на Жезус.