СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката
Мицкоски во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан.
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи – објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан.