ПО ОСУМ ГОДИНИ ПОВТОРНО ЗАСТАНА ПРЕД ФОТОГРАФИТЕ Ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав имаше само 20 месеци кога остана без татко

Ќерката на Курт Кобејн ретко се појавува во јавноста, а сега дојде на специјалната проекција на филмот „The Deputy“ во Лос Анџелес, на кој работела како извршен продуцент

15

Френсис Бин Кобејн, единствената ќерка на легендарниот фронтмен на „Нирвана“, Курт Кобејн, и пејачката Кортни Лав присуствуваше на специјална проекција на филмот „The Deputy“ во Лос Анџелес, на кој работела како извршен продуцент.

34-годишната Френсис на настанот се појави во препознатлив стил со гранџ детали – кафена кожна јакна, црни кратки панталони со чипка, маица со принт и бели чизми. Нејзиното појавување привлече особено внимание бидејќи во последните години главно се држи настрана од црвениот тепих. Последен пат на црвен тепих беше во 2018 година, додека во 2019 година беше видена во првите редови на ревија на „Москино“.






Иако Френсис никогаш не тргна по музичкиот пат на своите родители, таа со години гради сопствена кариера како визуелна уметница, модел и продуцентка. Нејзиното животно искуство, сепак, отсекогаш било неразделно поврзано со татко ѝ, кој почина кога таа имала само 20 месеци.

Курт Кобејн почина на 5 април 1994 година, на 27-годишна возраст.

 Иако растела без татко, со текот на годините отворено зборувала за начинот на кој се справувала со загубата. На 30-годишнината од неговата смрт сподели фотографии од времето кога тој бил жив и напиша дека тагата за неа била нешто со кое живеела речиси целиот свој живот.

Фото: Принтскрин

 

Тогаш откри дека нејзината баба Венди, мајката на Курт, често ѝ ги земала рацете, ги ставала на своите образи и ѝ велела: Ги имаш неговите раце.

Френсис напиша дека баба ѝ ги вдишувала нејзините раце како да се обидува преку нив да го почувствува својот син уште еднаш.

– Би сакала да го познавав татко ми. Би сакала да го знаев ритамот на неговиот глас, какво го сакал кафето или какво е чувството кога ме покривал по приказната пред спиење – напиша таа.

Во истата објава откри и еден особено интимен детаљ – Курт ѝ напишал писмо пред да се роди. Последната реченица од него гласи: Каде и да одиш или каде и да одам јас, секогаш ќе бидам со тебе.

Френсис тогаш напиша дека нејзиниот татко на некој начин го одржал тоа ветување. Го препознава во песните, но и во нивните раце, кои ги делат иако никогаш немала можност да го запознае како возрасен човек.

– Во тие моменти можам да поминам малку време со татко ми и тој ми изгледа трансцендентно – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frances Bean Cobain (@thespacewitch)

Нејзиното детство било дополнително обележано и со проблематичниот однос со мајка ѝ. Поради борбата на Кортни Лав со зависностите, Френсис во еден период од детството била под грижа на други членови од семејството. Кога имала 17 години, старателството над неа привремено ѝ било доделено на баба ѝ Венди О’Конор и тетка ѝ Кимберли Кобејн. Подоцна односот меѓу мајката и ќерката се подобрил и повторно се појавуваа заедно во јавност.

Денес Френсис има свој живот далеку од музичката сцена на која нејзините родители стекнаа светска слава. Во 2023 година се омажи за Рајли Хок, син на легендарниот скејтбордер Тони Хок, а во септември 2024 година добија син, Ронин Вокер Кобејн Хок.

 

Поврзани содржини