ПРИВЕДЕН 63-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ЗА ПОЖАР ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Запалил подземни контејнери кај Максим Горки
63-годишниот Б.П. од Битола бил забележан како подметнува пожар во подземни контејнери на улицата Максим Горки, по што полицијата го пронашла и го привела.
Полицијата го привела 63-годишниот Б.П. од Битола под сомнение дека предизвикал пожар во подземни контејнери на улицата Максим Горки во центарот на Скопје.
Според МВР, пожарот бил предизвикан вчера околу 13 часот, во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Б.П. бил забележан како подметнува пожар во подземните контејнери.
Полициски службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки за негово пронаоѓање, по што тој бил пронајден и лишен од слобода околу 13:15 часот.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот против 63-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.