ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО ЈУЛИ ПОРАСНАЛА ЗА 7,1% Највисока е во ИТ секторот, а најниска хотелиерството и угостителството
Просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во јули изнесувала 72.935 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во јули годинава изнесувала 48.499 денари и е зголемена за 7,1% во однос на јули 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10,7%, Снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4% и Дејности во врска со недвижен имот за 9,6%.
Во однос на претходниот месец, зголемувањето е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4,3%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2% и Градежништво за 2,3%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во јули изнесувала 72.935 денари.
Во јули највисоки биле платите во ИТ секторот каде што просекот изнесува 89.532 денари, а најниски во хотелиерството и угостителството со просек од 34.693 денари.
