📽️ ХАРИ ПАК ПУШТИ СОЛЗИ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА НАЈМЛАДИТЕ Принцот секоја година се растажува на истиот настан за семејствата со тешко болни деца

Принцот Хари не успеа да ги скрие емоциите за време на својот говор на годишните награди на хуманитарната организација WellChild во Лондон, настан на кој традиционално учествува секоја година.

1

Принцот Хари не успеа да ги скрие емоциите за време на својот говор на годишните награди на хуманитарната организација WellChild во Лондон, настан на кој традиционално учествува секоја година.

Војводата од Сасекс на сцената им се обрати на родителите на децата со сериозни и комплексни здравствени состојби, заблагодарувајќи им се за сè што прават за своите деца. Додека зборуваше за емоционалните подеми и падови со кои се соочуваат семејствата, гласот му затрепери, а Хари со насмевка ѝ се сврте на водителката Габи Розлин и рече: – Пак ми се случува.






Розлин му пријде и го фати за рака, велејќи му дека е тука за него.

– Тоа не помага – само го прави полошо – ѝ одговори Хари низ смеа, пред да продолжи со говорот и да им порача на родителите дека се надева оти ваквите вечери ќе им дадат сила.

Хари на церемонијата пристигна сам, без Меган Маркл. Тој му ја врачи и наградата „Инспиративно дете“ на еден од добитниците. WellChild е организација чиј покровител е од 2007 година, а годинава се одбележуваат и 20 години од програмата WellChild Nurse, која им помага на деца со сериозни здравствени состојби и на нивните семејства.

Неговиот емотивен настап дојде во многу чувствителен момент за британското кралско семејство. Истиот ден е објавена книгата „Swan Song: Diana, My Sister“ на неговиот вујко Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, во која тој открива детали за нејзиниот живот, бракот со тогашниот принц Чарлс и периодот по нејзината смрт.

Спенсер тврди дека тогашниот принц Чарлс, во телефонски разговор по смртта на Дијана, му рекол: – Ќе ја заборавиме доволно брзо.

Тој исто така пишува дека Чарлс звучел „воодушевено“ кога му се јавил по трагичната смрт на Дијана. Овие тврдења се сеќавања на Спенсер, а Бакингемската палата реагираше со соопштение, наведувајќи дека „болката од загубата може да го замати разумот, да влијае врз расудувањето и да го обои сеќавањето и години по настанот.

Спенсер подоцна инсистираше дека ја кажува вистината и дека палатата всушност не го негирала неговото тврдење. Во интервју за Би-би-си тој рече дека токму затоа ја ставил оваа епизода во книгата – бидејќи ја смета за суштински дел од неговото сведоштво за Дијана.

Во пресрет на објавувањето на мемоарите, Спенсер зборуваше и за Хари и Меган, кои неодамна се вратија да живеат во Велика Британија со своите деца. Тој изјави дека, гледано од безбедносен аспект, би бил за нивна официјална заштита, повикувајќи се на сопственото искуство со Дијана и на начинот на кој медиумите ја следеле пред нејзината смрт.

Настапот на WellChild беше третиот јавен ангажман на Хари откако тој и семејството се вратија во Велика Британија кон крајот на август. Претходно присуствуваше на доделувањето на наградите на Invictus Games во Лондон, а потоа отпатува во Бирмингем на настан поврзан со ветераните.

Меган не присуствуваше на ниту еден од овие последни настани. Според „People“, таа останала фокусирана на децата и нивното приспособување на животот и училиштето во Велика Британија.

 

Поврзани содржини