СРБИЈА ДЕЛИ ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД 6.000 ДИНАРИ За неа се пријавиле 1,7 милиони луѓе

Еднократната помош е дел од поширок пакет поддршка за граѓаните во вредност од 980,6 милиони евра, што вклучува претходно исплатени еднократни бенефиции, поевтини лекови, ваучери за пензионери и продолжување на мерките за енергетски ранливи клиенти.

2

Во Србија од денеска почнува исплата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари (3.143 денари)за возрасни граѓани која ќе трае до 25 септември, а околу 1,7 милиони луѓе аплицирале за неа преку порталот на Управата за финансии.

Граѓаните запишани во Фондот за акции, како и возрасните граѓани кои немаат право на бесплатни акции, а кои аплицирале за исплата помеѓу 7 септември и 21 септември на полноќ, имаат право на помош.






Исплатата започнува со граѓаните кои примаат средства од Фондот за акции како и со пензионерите и корисниците на парична социјална помош.

Граѓаните без банкарска сметка ќе имаат наменски сметки во Поштенската штедилница. Парите од Фондот за акции ќе можат да се подигнуваат без временско ограничување, додека граѓаните кои примаат помош од државниот буџет ќе можат да подигнуваат средства во рок од една година.

Пензионерите и корисниците на парична социјална помош не мораа да се регистрираат, а парите ќе им бидат исплатени автоматски. Автоматска исплата е предвидена и за лицата во установи за извршување на кривични санкции.

Наследниците на починати граѓани кои имале бесплатни акции исто така имаат право на помош, со важечко решение за наследство и важечка лична карта.

Според податоците на министерот за финансии Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократен паричен надомест, а речиси три милиони го провериле својот статус во Фондот на акционери.

Еднократната помош е дел од поширок пакет поддршка за граѓаните во вредност од 980,6 милиони евра, што вклучува претходно исплатени еднократни бенефиции, поевтини лекови, ваучери за пензионери и продолжување на мерките за енергетски ранливи клиенти.

Србија има околу 6,6 милиони жители според последниот официјален попис од 2022 година.

Поврзани содржини