ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ ровер“
Несреќата се случила околу 1:30 часот, а 39-годишниот возач од Ново Село бил лишен од слобода и задржан во СВР Струмица.
47-годишен жител на струмичкото село Секирник загинал откако бил удрен од автомобил „ренџ ровер“ на влезот во селото.
Несреќата се случила ноќеска, околу 1:30 часот. Според информациите од полицијата, со возилото со струмички регистарски ознаки управувал 39-годишниот М.И. од Ново Село.
Во ударот, пешакот Ѓ.К. (47) се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Струмица.
По несреќата, возачот бил лишен од слобода и задржан во СВР Струмица.
На местото на трагичниот настан извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица. Се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.