ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години сам им ставал печат за правосилност
61-годишниот А.М., советник во Управата за имотно-правни работи во Струга, според пријавата, во периодот од 2022 до 2024 година изработувал лажни решенија и ги доставувал до катастарот.
Стружанец е осомничен дека во период од 2022 до 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, а потоа самоволно ставал службен печат дека документите се правосилни.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (61) поради сомневање дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.
А.М. бил вработен во Министерството за финансии, во Управата за имотно-правни работи во Струга, како советник и овластен потписник на акти.
Според пријавата, тој ја искористил службената положба за да изработува решенија за приватизација на земјиште во корист на други лица. На документите самоволно им ставал службен печат за правосилност, иако претходно не ги доставувал до надлежната институција за мислење.
Потоа таквите решенија ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности во Струга.
Случајот се однесува на постапувањето во текот на 2022, 2023 и 2024 година, а по поднесената кривична пријава продолжува постапката за утврдување на сите околности.