📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе на повеќе од 10 локации

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал, а истрагата опфаќа сомненија за криумчарење, нелегална трговија со лекови, поткуп и перење пари.

2,245

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.

Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според информациите, има и лица вработени во Царинската управа.






Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

Фото: МВР

Во Скопје и Тетово, при претреси во правни субјекти, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови, а во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.

Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.

Според досегашните информации, истрагата опфаќа сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп, како и перење пари.

Акцијата сè уште е во тек, а се очекуваат повеќе информации од надлежните институции за бројот на приведените лица, пронајдените предмети и кривично-правната квалификација на делата.

Поврзани содржини