ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВА КОРУМПИРАНИТЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ Манасиевски повтори дека ќе има одговорност за „системот на СДСМ и ДУИ“

Мал дел на судии и обвинители блиски до СДСМ и до ДУИ го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

78

СДСM и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите на Бихаќка и во Мала Речица и тие се нивните соработници на криминалот и на корупцијата, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Мал дел на судии и обвинители блиски до СДСМ и до ДУИ го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци, рече тој.






– Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители. Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДСМ и чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДСМ и ДУИ. Пајазит Пајазити, судијата близок до ДУИ, кој одлучуваше во случаите со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и со Иџет Мемети. Да се потсетиме и на Даниела Алексовска Стојановска, судијката која во својата куќа имаше сместено штаб на СДСМ – рече Манасиевски.

И секако, додаде, да не го заборавиме Ислам Абази, комшијата на Али Ахмети од Зајас, кој со затворање на случајот со модуларната болница одработи за функцијата шеф на ОЈОза гонење организиран криминал и корупција.

– Ете, ова е системот кој СДСМ и ДУИ го градеа со години, со ставање на свои луѓе на високи позиции во правосудството. И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме – порача Манасиевски.

Поврзани содржини