ГРЦИЈА ДАВА ДО 10.000 ЕВРА ГОДИШНО НА СЕМЕЈСТВАТА ШТО ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ПОГРАНИЧНИТЕ ОБЛАСТИ Повик и до дијаспората да ја искористи мерката

На пример, оние кои сакаат да се населат на островот Кастелоризо во Егејското Море, во близина на брегот на Турција, ќе добиваат годишна финансиска помош од 5.000 евра. За секое дете, семејствата ќе добијат дополнителни 1.000 евра.

181

Грчката држава ќе обезбеди финансиска помош до 10.000 евра за семејствата кои ќе одлучат да се преселат во пограничните области во државата. Во октомври ќе почне со работа посебна платформа за поднесување барања за преселба, јавија грчките медиуми.

Платформата е дел од сеопфатна иницијатива за обезбедување стимулации за демографски развој и за поддршка за пограничните области.






Министерката за социјална кохезија и семејство Домна Михаилиду вели дека програмата за демографски развој, што почна во регионот Еврос, што граничи со Бугарија и со Турција, се проширува.

– Во октомври ја отвораме платформата и ќе обезбедиме до 10.000 евра за преселба на семејства во пограничните области. Иницијативата е наменета и за грчките граѓани кои моментално живеат во странство и сакаат да се вратат во својата татковина – рече Михаилиду.

На пример, оние кои сакаат да се населат на островот Кастелоризо во Егејското Море, во близина на брегот на Турција, ќе добиваат годишна финансиска помош од 5.000 евра. За секое дете, семејствата ќе добијат дополнителни 1.000 евра. Планирани се градинка и училиште, а ќе има и дополнителни стимулации за најбараните специјалисти, како што се лекарите.

Поврзани содржини