ТАТКО И СИН ЗАГИНАА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Тројца млади се тешко повредени

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица.

256

 Дежурен јавен обвинител од обвинителството во Скопје, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден-Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што информираат од Обвинителство, несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил „0пел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил „хјундаи И30“ управуван од 51-годишен жител на Марино.






– Во несреќата на лице место починале возачот на возилото „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „корсата“ и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба, соопшти  Обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица.

Поврзани содржини