(ВИДЕО) ВОЗ СЕ СУДРИ СО НЕПОЗНАТ ПРЕДМЕТ И ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВО ФРАНЦИЈА Девојка е во критична состојба, а 44 патници се повредени

На местото на несреќата има 140 пожарникари кои им помагаат на повредените и патниците, додаде тој. Локалните власти им советуваа на граѓаните да ја избегнуваат областа.

48

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа излета од шините меѓу Руан и Кан во северозападна Франција, соопштија француските власти и операторот на возови, по претходните извештаи дека околу 20 лица се повредени.

Една девојка  е во критична состојба и е евакуирано со хеликоптер, изјави за новинарите локалниот лидер, префектот Жан-Беноа Албертини.






-Возот излета од шините откако се судри со неидентификуван предмет – изјави портпарол на француската полиција.

Еден вагон се превртел, а четири други излетале од шините.

Државниот железнички оператор SNCF соопшти дека е во тек истрага за да се утврди причината за несреќата.

Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон, објави министерот за транспорт Филип Табаро.

На местото на несреќата има 140 пожарникари кои им помагаат на повредените и патниците, додаде тој. Локалните власти им советуваа на граѓаните да ја избегнуваат областа.

Железничките линии помеѓу Руан и Кан и Кан и Авр се откажани, а наместо тоа ќе биде воведена замена за автобуска линија, соопшти SNCF.

Поврзани содржини