САУДИСКИОТ ПРИНЦ БАРАЛ САД ДА БОМБАРДИРААТ, ТРАМП ОДБИЛ Хутите се на дофат на блокада на Црвеното Море

Цените на нафтата скокнаа откако Хутите зазедоа стратешки крајбрежен град во Јемен, доаѓајќи во дофат на теснецот Баб ел-Мандеб, еден од најважните светски патишта за глобална трговија и за извоз на саудиска нафта.

7

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман вчера побарал помош од американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против Хутите во Јемен, кои ја засилија заканата во Црвеното Море, изјавија денеска за Аксиоц два извори запознаени со ова прашање.

Трамп го одбил, а американските претставници нагласуваат дека администрацијата во моментов не планира директна воена интервенција против Хутите.






Цените на нафтата скокнаа во четвртокот, откако Хутите зазедоа стратешки крајбрежен град во Јемен, доаѓајќи во дофат на теснецот Баб ел-Мандеб, еден од најважните светски патишта за глобална трговија и за извоз на саудиска нафта. Бидејќи Иран веќе го попречува сообраќајот низ Ормускиот Теснец, контролата на Хутите врз мореузот Баб ел-Мандеб би му дала на Техеран огромна моќ против САД и нивните сојузници во Заливот.

Соединетите Американски Држави се загрижени за брзото ширење на конфликтот во Јемен и ја зголемуваат својата поддршка за Саудиска Арабија, но во исто време се обидуваат да избегнат директен воен ангажман по секоја цена.

Трамп вчера имал најмалку два телефонски разговори со саудискиот лидер, изјавија изворите. На крајот, Вашингтон му соопштил на Ријад дека засега не е подготвен за директна воена акција, но дека ќе помогне во споделувањето разузнавачки информации и во идентификувањето цели, изјавија двата извора.

Белата куќа не одговори на прашањето на Ројтерс за телефонските разговори меѓу двајцата лидери, но висок функционер на администрацијата, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Вашингтон е во постојан дијалог со Саудиска Арабија и со јеменската влада.

– САД се фокусирани на заштита на нашите основни национални безбедносни интереси, како што е обезбедувањето слобода на пловидба во Црвеното Море, додека им овозможуваат на нашите регионални партнери да ја преземат водечката улога во управувањето и во решавањето на регионалните безбедносни предизвици – рече функционерот.

Службата за медиуми на саудиската влада не одговори на барањето за коментар за телефонските повици и разговорите меѓу двајцата лидери.

Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, вчера отпатува во Саудиска Арабија на разговори, соопштија изворите.

Контролата на Хутите врз теснината Баб ел-Мандеб во Црвеното Море, што се наоѓа на спротивната страна од Арапскиот Полуостров од Ормусиот  Теснец, би можела да му даде на иранскиот сојузник клучна предност во војна со САД, со што ќе ги намали испораките преку уште еден голем транспортен коридор и ќе предизвика скок на цените на нафтата.

Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, се потпира на рутата низ Црвеното Море откако конфликтот со Иран практично го затвори Ормус, низ кој претходно минуваше една петтина од светската нафта

Поврзани содржини