ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ СЕ ИСКАЧИ НА ТРИТЕ НАЈВИСОКИ ВРВОВИ ВО БРИТАНИЈА Хуманитарна акција за собирање пари за заболените од рак

Британската принцеза од Велс, Кејт, денеска ненајавено ја посети болницата „Ројал Марсден“ во која пред две години се лекуваше од рак.

39

Британската принцеза од Велс, Кејт, денеска ненајавено ја посети болницата „Ројал Марсден“ во која пред две години се лекуваше од рак и ги обиколи пациентите за да слушне на кој начин холистичката нега може да помогне во лекувањето и во унапредувањето на закрепнувањето.

Таа истакна дека нејзиниот добротворен потфат, кога за 24 часа се искачи на трите највисоки врвови во Велика Британија за да се соберат пари за заболените, бил начин да ѝ се оддолжи на оваа здравствена установа.






– Искачувањето на трите највисоки врвови во земјата беше мој мал начин да кажам благодарам – изјави принцезата Кејт.

Собраните пари ќе бидат искористени за развој на нов специјалистички Центар за холистичка благосостојба и закрепнување.

Во текот на јули принцезата откри дека се искачила на највисоките планини во Англија, Шкотска и во Велс за да собере пари за добротворна организација која се грижи за лица заболени од рак.

Принцезата помина низ циклус превентивна хемотерапија во лондонската болница, откако на почетокот на 2024 година ѝ беше откриен рак.

Поврзани содржини