СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУЧИЌ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Сака како обичен човек да ја почне кампањата за парламентарните избори

На 25 октомври во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни избори и српскиот претседател ќе се вклучи во предизборната кампања во име на владејачката Српска напредна партија (СНС).

53

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември.

Вучиќ изјави дека планира да се повлече од функцијата веднаш по враќањето од САД, каде што ќе учествува на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН.






На 25 октомври во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни избори и српскиот претседател ќе се вклучи во предизборната кампања во име на владејачката Српска напредна партија (СНС), на која е основач.

– Сакам да ја почнам кампањата како обичен граѓанин – рече денеска Вучиќ.

Тој истакна дека сака на изборите да има демократска игра и секој граѓанин да може да процени на кого од играчите ќе му ја даде довербата.

Вучиќ во јуни објави дека ќе се повлече од претседателската функција.

Иако сè уште е активен претседател, Вучиќ е одреден за носител на предизборната листа на СНС, а според одлуката тој ќе биде истакнат и како кандидат за премиер на Србија.

Поврзани содржини