ТРОЈЦАТА ЗАГИНАТИ ВО СЛОВЕНИЈА СЕ ОД ЦЕНТАР ЖУПА Семејството живеело во Италија, во автомобилот била и бабата

Едно возрасно лице и две деца загинаа во несреќата на автопатот А1 кај Унец во Словенија. Градоначалникот на Центар Жупа вели дека семејството потекнува од Житинени, а живее во Равена.

0

Тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија се од селото Житинени, Општина Центар Жупа. Семејството живеело во Равена, Италија.

Меѓу загинатите се две деца и едно возрасно лице. Во автомобилот биле родителите на децата и нивната баба, мајка на возачот, изјавил градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим.






– Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена Италија. Се молиме, за закрепнување на другите две повредени лица – изјави Ибраим за МИА.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно соопшти дека во несреќата загинале тројца македонски државјани и дека полицијата од Копер ја известила македонскаа амбасада во Љубљана дека станува збор за едно полнолетно и за две малолетни лица.

Тешката сообраќајна несреќа се случила на автопатот А1 во близина на Унец во Словенија. Уште две лица, македонски државјани, биле повредени.

Поврзани содржини