🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

0

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба.

Во видеото кое било споделено во дел од медиумите се гледа како на булеварот Јане Сандански во Скопје неколку возила го попречуваат сообраќајот.






Во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска биле повикани се Д.Г.(28) кој управувал патничко возило „ауди“, М.П.(25) кој го управувал патничко возило БМВ, Љ.Б.(48) кој управувал патничко возило „ауди“ и С.С.(23) кој управувал патничко возило „сузуки“, сите со скопски регистарски ознаки.

Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Поврзани содржини