📽️ ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ ВО НЕПАЛ Ги извлекоа од тунел прекриени со кал

Двајца мажи се спасени од тунел на хидроцентрала во едно од најтешко погодените подрачја од поплавите. Еден од нив војниците го носеле на грб преку стрмен и лизгав терен.

0

Двајца мажи, целосно прекриени со кал, биле извлечени од тунел на хидроцентрала во Непал. Еден од спасените војниците го носеле на грб преку стрмен и лизгав терен.

Непалската војска објави снимка од спасувањето во округот Расува. Подрачјето е меѓу најтешко погодените од катастрофалните бујични поплави.






На снимката се гледа како војниците ги извлекуваат мажите од тунелот. Потоа ги пренесуваат преку терен покриен со кал и наноси.

 

 

Кал, стрмнина, опасен терен

Војската соопштила дека спасувањето било дополнително отежнато поради непристапниот терен. Условите во подрачјето погодено од поплавите останале исклучително опасни.

Непалската војска утрово ги засили операциите за пребарување и спасување околу хидроенергетските постројки во Расува.

Поврзани содржини