📽️ УБИСТВОТО НА ЕДЕН ОД НАЈОПАСНИТЕ МАФИЈАШИ ВО ИЗРАЕЛ СНИМЕНО НА КАМЕРА Напаѓачот го одминал, се вратил, па пукал одзади

Полицијата го опишала Јанис Јушваев како водач на криминална организација поврзана со Kавкаската еврејска заедница. Неговото убиство доаѓа во период на серија насилни пресметки на израелското подземје.

326

Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, е убиен пред бензинска пумпа во близина на Цезареја. Ликвидацијата ја снимиле надзорни камери.

Снимката покажува како напаѓачот се качува по скалите и го одминува Јушваев. Потоа се враќа, му приоѓа одзади и го застрелува во задниот дел од главата.






Јушваев паѓа на земја, а напаѓачот бега пеш.

Полицијата го опишала убиениот како водач на криминална организација поврзана со Кавкаската еврејска заедница. Со години бил поврзуван со пукања, бомбашки напади и палење автомобили.

Полицијата, сепак, не успеала да собере доволно докази за судски пресуди.

 

13 напади за неколку дена

Убиството се случува во период на ескалација на пресметките меѓу криминалните групи во Израел.

За само неколку дена биле регистрирани 13 напади. Меѓу нив имало пукања, бомбашки напади и обиди за палење ресторани.

Полицијата ги поврзува инцидентите со конфликтот меѓу криминалните семејства Мосли и Јаруши.

Американската амбасада во Ерусалим поради насилството издала безбедносно предупредување за своите државјани. Како ризични подрачја поради организираниот криминал биле посочени Тел Авив, Јафа и Херцлија.

309 убиства за една година

Израел во 2025 година регистрирал 309 убиства. Во 2022 година имало 148, што претставува раст од 109 отсто.

Од убиените во 2025 година, 241 биле израелски Арапи, а 47 Евреи, според полициските податоци.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во јануари најави поширока борба против организираниот криминал.

Поврзани содржини