ИНЦИДЕНТ ВО ГРАДИНКА ВО ХРОМ Мајка пријавила дека негувателка физички ја нападнала ќерка ѝ

Според пријавата, петгодишното девојче по напуштањето на градинката ѝ кажало на мајка си дека негувателката ја стиснала за ногата. Полицијата го расчистува случајот.

470

Триесет и шестгодишна скопјанка пријавила во полиција дека нејзината петгодишна ќерка ѝ кажала дека била физички нападната од негувателка во градинка во населбата Хром.

Според информациите од полицискиот билтен, мајката вчера во 11:30 часот пријавила во СВР Скопје дека на 14 август, откако ја земала својата ќерка од градинката, детето ѝ кажало дека негувателката ја стиснала за ногата.






Мајката во пријавата навела дека детето ѝ кажало оти било удрено од негувателката.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Засега нема дополнителни информации за околностите на настанот, ниту за евентуални повреди кај детето.

Поврзани содржини