ХАЛИ БЕРИ ВЛЕГУВА ВО СЕДМАТА ДЕЦЕНИЈА „Не се чувствувам воопшто старо“

Оскаровката денес слави 60. роденден, а јубилејот го дочека на тропски одмор, со смели фотографии и порака дека никогаш не се чувствувала подобро.

149

Ако некој може да покаже дека годините се само бројка, тогаш тоа е Хали Бери. Холивудската актерка на 14 август, го слави својот 60. роденден, но фотографиите што ги објавува во последните денови предизвикуваат реакции како да станува збор за нејзин јубилеј од пред две децении.

Бери роденденот го одбележала и на тропскиот одмор на Фиџи, каде што уживаше со својот свршеник, музичарот Ван Хант и нејзините деца. Таа во изминатиот период сподели фотографии во костими за капење, проѕирни парчиња и смели комбинации, а само ден пред роденденот позираше во црн фустан со длабоко деколте.






На една од фотографиите што ја објави по повод јубилејот, актерката напиша едноставно: „60, еве ме!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Но, Бери не застана тука. Во пресрет на роденденот сподели и фотографии во црно- црвена наметка, под која не носеше ништо, а покрај фотографиите напиша провокативна порака: „Денес… не ми е гајле за ништо.“

Нејзините фотографии се само продолжение на серијата објави од Фиџи. На одморот таа покажа дека и на прагот од седмата деценија се чувствува слободно и самоуверено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Не се чувствувам старо“

Самата Бери во неодамнешно интервју зборуваше за тоа како го доживува влегувањето во седмата деценија.

– Не се чувствувам воопшто старо – порача актерката, додавајќи дека во одредени аспекти денес се чувствува подобро отколку пред 20 години.

Таа објасни дека со текот на годините научила повеќе за своето тело, го променила начинот на вежбање и исхрана и почнала повеќе да размислува за долговечноста.

– Никогаш не очекував дека на 60 години ќе се чувствувам подобро отколку на 40, но на многу начини се чувствувам – изјавила Бери.

Оскар, „Џејмс Бонд“ и долга кариера

Бери зад себе има речиси четири децении кариера. Во 2002 година испиша историја кога за улогата во „Monster’s Ball“ стана првата и досега единствена црна актерка која го освоила Оскарот за најдобра актерка.

Публиката ја памети и по улогите во филмовите „X-Men“, „Die Another Day“, „Catwoman“, како и по бројни други холивудски остварувања.

Нејзината појава во филмот „Die Another Day“ како Бонд-девојката која излегува од морето остана една од најпрепознатливите сцени во историјата на франшизата „Џејмс Бонд“.

Но, Бери денес сака да зборува и за нешто многу посериозно од изгледот и филмските улоги – здравјето на жените во зрелите години.

Таа во последните години отворено зборува за менопаузата и за потребата од подобра информираност и медицинска грижа за жените во овој период од животот. Во 2024 година дури се вклучи и во иницијативи во американскиот Конгрес поврзани со истражувањето и едукацијата за менопаузата.

На 60 години, Бери очигледно нема намера да забави. Напротив – со смелите фотографии, новите проекти и отворениот став кон стареењето, таа испраќа јасна порака дека новата деценија за неа е само уште една причина за прослава.

 

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Поврзани содржини