📽️ СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ЗА МУНИЦИЈА КАЈ РИМ Детонацијата се слушнала надалеку, нема повредени

Пожарот избувнал во фабриката на „КНДС Амо Италија“ во Колеферо, по што следувала силна експлозија. Над комплексот се издигнал огромен облак чад, а итните служби пристигнале на терен.

67

Силен пожар проследен со експлозија ја потресе фабриката за муниција во Колеферо, јужно од Рим. Детонацијата била толку силна што се слушнала и во околните места.

Италијанската агенција AНСA објави дека нема повредени. Сите дваесетина работници кои биле во фабриката се евидентирани.






На снимките од местото се гледа огромен облак густ чад кој се издигнува над индустрискиот комплекс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @osintdefender

Инцидентот се случил во поранешната фабрика „Симел Дифенса“, со која денес управува „КНДС Амо Италија“.

Според првичните информации, пожарот и експлозијата го зафатиле одделот за пресување барут. Компанијата произведува муниција од среден и од голем калибар за копнена и за поморска одбрана.

Пожарникарски екипи пристигнале во комплексот, а пожарот се проширил и кон околната вегетација.

Причината за инцидентот засега не е утврдена.

Поврзани содржини