СУДСКИОТ ПРЕДМЕТ ЗА „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ ПОЧНУВА НА 24 АВГУСТ Предметот е распределен преку автоматскиот систем

Кривичниот суд го распредели предметот кај судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Првото рочиште е закажано за 24 август во 10 часот..

0

Основниот кривичен суд Скопје информира дека предметот е распределен преку автоматскиот систем. Ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а првото рочиште е закажано во 10 часот.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе обвинение против Груби и уште седум лица. На товар им се става злоупотреба на службената положба и овластување.






Според обвинението, со дејствијата во текот на 2023 и во 2024 година на „Државна лотарија“ ѝ била нанесена штета од 507.632.173 денари.

Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, сè уште е во бегство. Обвинителството бара притвор од 30 дена, кој би се применил по неговото пронаоѓање.

Груби, кој беше уапсен на Блаце во февруари по повеќе од 14 месеци бегство, останува во куќен притвор. Обвинителството предложи продолжување на оваа мерка.

Поврзани содржини