📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ИЗВАДИ НОЖ И ГО ПРОБОДЕ ДОДЕКА ВОЗЕШЕ ВЕЛОСИПЕД, ТОЈ ПОДОЦНА ПОЧИНА Млада жена усмрти 81-годишен маж во Бразил
Нападот бил снимен од улични камери, а осомничената 24-годишна жена била уапсена еден ден подоцна.
81-годишен маж починал во Бразил откако бил нападнат со нож додека возел велосипед на улица. За нападот е осомничена 24-годишна жена, која според снимките му пришла без очигледна причина и го прободела.
Инцидентот се случил во понеделникот во градот Формига, во бразилската сојузна држава Минас Жераис.
Снимките од надзорните камери покажуваат како младата жена оди по улицата со торба. Во моментот кога 81-годишниот маж поминува покрај неа со велосипед, таа вади нож и го напаѓа.
View this post on Instagram
На снимката се гледа дека мажот застанува и во шок се обидува да сфати што се случило. Тој бил пренесен во блиска болница, но здобиената повреда била фатална и лекарите не успеале да го спасат.
По пријавувањето на случајот, полицијата започнала потрага по напаѓачката. Таа била пронајдена и уапсена следниот ден.
Мотивот за нападот засега не е соопштен, а полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности околу убиството.