НА ЈАХТА ВО ГРЦИЈА ИЛИ ПО ПАРИ ВО БУГАРИЈА Каде е на одмор Венко Филипче, со Зоран Заев ли е или со Вице Заев?

Чесно е СДСМ да каже каде е Венко Филипче на одмор, праша денеска ВМРО-ДПМНЕ.

207

Соопштението на СДСМ утрово за семејниот одмор на премиерот Христијан Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДСМ на ниски страсти и сеење омраза, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко Филипче како министер не реагирал и мува не го лазела. Но, кога сме кај одморите, чесно е СДСМ да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А – Венко е на одмор на јахтата на Зоран Заев купена со украдени пари закотвена на Егејското Море. Под Б – Венко е на одмор со Вице Заев во Бугарија, патем да извадат од украдените пари од РЕК префрлани на фирмата на Колашинац?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Поврзани содржини