СИЛНО СВЕТНА ДЕН ВО БИТОЛА, А НА ФИЛИПЧЕ И НА ЖЕРНОВСКИ ИМ СЕ СТЕМНИ Талогот е протов народот

Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДСМ, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

532

Народот вели: една фотографија, илјада зборови. А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани во Битола кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста, „Силно светнал ден“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев. Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДСМ, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата. Филипче доби уште една порака од народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Ова не е прослава ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението.

„Оваа прослава им припаѓа на граѓаните. А народот ја испрати својата порака“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини