НИКОЛОСКИ ЗА „ФИЛМСКИОТ“ ГРАБЕЖ ВО ДРАЧЕВО Без луѓе од ЕВН и од „Железници“ тоа не можело да се изведе

За една ноќ во Драчево биле превртени 2 трансформатори потешки од 30 тони, а штетата се проценува на околу 5 милиони евра. Министерот Николоски се сомнева дека зад кражбата имало луѓе кои добро го познавале системот.

182

Министерот за транспорт Александар Николоски се сомнева дека во грабежот на електровлечната потстаница во Драчево биле вклучени луѓе од ЕВН и од „Железница“.

– Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од „Железница“ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди – изјави Николоски во гостување на Телма.






Министерот го опиша случајот како „филмски“ грабеж. Според него, начинот на кој била изведена кражбата отвора сомнеж дека сторителите располагале со специфични знаења.

Крадците успеале да превртат 2 електроенергетски трансформатори, секој тежок повеќе од 30 тони. Од нив било истурено трансформаторското масло.

Потоа биле извадени бакарните намотки и други вредни компоненти.

Според Николоски, целата операција била изведена во текот на само една ноќ. За таков зафат, како што посочи, биле потребни механизација и висока стручност.

Особено чувствителна била работата со висок напон.

Електровлечната потстаница во Драчево е во сопственост на „Македонски железници – инфраструктура“. Првичната проценка на материјалната штета изнесува околу 5 милиони евра.

Поврзани содржини