МИЦОТАКИС ПАДНА ОД ВЕЛОСИПЕД НА КРИТ Од болница се вратил во резиденцијата, и пак на работа

Грчкиот премиер заработил полесни повреди и гребнатини при возењето велосипед. Лекарите го прегледале, а тој набргу им се вратил на планираните активности.

186

Велосипедската рута на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит завршила со пад и со посета на болница. Тој поминал со полесни повреди и по лекарскиот преглед продолжил со планираните активности.

Мицотакис ги минувал слободните денови на родниот остров Крит. За време на возење велосипед на планински терен загубил контрола и паднал.






Премиерот потоа бил пренесен во Општата болница во Ханја. Лекарите го прегледале и констатирале полесни повреди и гребнатини.

По прегледот бил пуштен на домашно лекување.

Кабинетот на Мицотакис соопштил дека премиерот е во добра здравствена состојба. Незгодата не требало да влијае врз неговите планирани обврски.

Според објавените информации, Мицотакис се вратил во својата резиденција на Крит. Потоа продолжил со работните средби и со активностите предвидени за овој период.

Грчкиот премиер е љубител на велосипедизмот и на активностите на отворено. Велосипедот го користи и за време на викендите и на одморите.

Поврзани содржини