ЖЕРНОВСКИ Е НИВНИОТ КОТЕ ОД РУЉА На „талогот“ на СДСМ му пречи сè, сите резултати на Владата
Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори, вели ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Жерновски на јавноста ѝ е познат по менување партии и по неуспешна политичка кариера.
На талогот од СДСМ му пречи Македонија, резултатите на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои секојдневно ги чувствуваат граѓаните, им пречи сè.
Вака во соопштение ВМРО-ДПМНЕ одговори на прес-конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ кој побара кривична одговорност за, како што тврди, згрешеното македонско знаме на караванот за прославата за 35 години независност.
„Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори“, вели ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Жерновски на јавноста ѝ е познат по менување партии и по неуспешна политичка кариера.
Партијата го споредува Жерновски со Коте од Руља, костурскиот војвода кој е познат по тоа што, во времето на преродбата во 19 век, ја сменил страната и се приклучил на грчките андарти и на грчката кауза во Македонија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, на „талогот од СДСМ“ му пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија.
„Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега. Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.