РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА ДУИ И НА АХМЕТИ Договорот беше изопачен во средство за финансиска моќ

Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот рамковен договор. Не во потписите што стојат под него, туку во начинот на кој тој неправедно беше присвоен од една единствена партија и претворен во политички капитал, обвинува Дтирон Сулејмани од ВРЕДИ велејќи дека Рамковниот договор не е семејно наследство и сопственот на Али Ахмети и дека неговата примена била изопачена поради немање политичка култура и морал.

95
„Охридскиот рамковен договор не е тапија на ДУИ. Не е сопственост на Али Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика. Тој е историско достигнување на Албанците. ДУИ повеќе од две децении имаше власт до гуша. Имаше министри, заменици-министри, пратеници, директори и функционери во секој сегмент од државата. Да сакаа, денес правичната и соодветната застапеност ќе беше гарантирана со закон. Децентрализацијата ќе беше завршена работа“.Вака изјави на денешната прес-конференција Дритон Сулејмани од партијата ВРЕДИ критикувајќи ја ДУИ. Сулејмани истакнува дека и по 25 годнини откако Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура во државата, постојат изопачености во праксата, особено, како што вели, кога недостигаат политичка култура и морал.

– Токму тука лежи најголемиот тест низ кој помина Охридскиот договор. Не во потписите што стојат под него, туку во начинот на кој тој неправедно беше присвоен од една единствена партија и претворен во политички капитал. Во името на овој договор и на жртвата што стои зад него, се појавија луѓе опседнати со фотелји и моќ, луѓе вкочанети од власта. Во негово име се појавија милионери, се издигнаа семејни бизниси и се изгради систем што им служеше на мал број луѓе.

Сулејмани вели дека правата на Албанците не одат во опозиција заедно со ДУИ.

– Ниту Охридскиот договор Али Ахмети може да го понесе со себе во опозиција. Оваа приказна повеќе не поминува. Вреди не го споменува Охридскиот договор само кога доаѓа годишнината. За нас, тој е обврска за конкретна работа. Тоа значи правичната и соодветната застапеност да се заштити со закон. Усвојувањето на овој закон не е само спроведување, туку и унапредување на Охридскиот договор –  рече Сулејмани, портпаролот на Вреди.

Сулејмани додава дека, според Вреди, вистинското спроведување значи вистинска децентрализација, со повеќе надлежности и финансиски средства за општините, „што го правиме како никогаш досега, со над 1.200 проекти“.

– Дваесет и пет години подоцна, време е да му го вратиме достоинството на Охридскиот договор. Не само како правен документ и договор што стави крај на конфликтот, туку како историско достигнување на Албанците, втемелено во уставниот поредок и како трајна заложба за еднаквост – истакнува Сулејмани.

Поврзани содржини