📽️ ДРАМА НА НЕБОТО НАД САД Авион со 181 патник удрил во јато птици, пламен избувнал од моторот

Пилотот испратил итен повик откако птици биле вовлечени во левиот мотор. Авионот кружел над водата, а потоа принудно се вратил на аеродромот.

175

Авион Боинг 737 на Американ Ерлајнс  морал принудно да слета кратко по полетувањето од аеродром во Јужна Каролина, откако удрил во јато птици, при што се запалил еден од моторите.

Инцидентот се случил на летот 1760 кон Шарлот, Северна Каролина. Во авионот имало 181 лице.






„Помош, помош, помош. Имаме проблем со моторот“, итно пријавил пилотот до контролата на летање, што се слуша на аудиоснимката објавена од порталот „LiveATC.net“.

Еден од пилотите го забележал судирот со птиците и преку радио пријавил: „Видов дека ги вовлече птиците, изгледа во левиот мотор“.

Еден од патниците, Патрик Готвалт, снимил видео на кое се гледа пламен од моторот додека авионот летал над вода.

 

Настанот од плажата го набљудувала и Линдзи Мекеј, која раскажала дека слушнала неколку силни удари и видела портокалов блесок од пламенот на левото крило на авионот.

Авионот кружел во воздух подготвувајќи се за враќање на аеродромот, додека на земјата се распоредувале екипите на итната служба.

Во меѓувреме, работници на пистата пронашле остатоци од птици.

 

„На пистата има многу остатоци од птици. Ќе ги собереме поголемите делови“, било соопштено преку радио.

Остатоците од птици собрани по ваквите судири во САД се нарекуваат „snarge“ и се испраќаат на анализа во лабораторијата на Смитсонијан институтот во Вашингтон.

Експертите таму ја утврдуваат точната видова припадност на птиците. Податоците се користат за подобро разбирање на загрозените животински видови, но и за развој на методи за спречување идни судири меѓу авионите и дивиот свет.

Според податоците на Федералната управа за воздухопловство (FAA), само во текот на 2025 година во САД биле регистрирани повеќе од 24.000 судири меѓу авиони и диви животни.

Поврзани содржини