📷 ФЕДЕРЕР ГО ОДБРА ХРВАТСКОТО ПРИМОРЈЕ ЗА ОДМОР Објави и фотографии

Легендарниот Швајцарец летува во Истра, дестинација што наводно му ја препорачал неговиот пријател Иван Љубичиќ. Ги посетил Ровињ и околината на Пула, пловел и возел велосипед.

64

Роџер Федерер го замени тенискиот терен со Јадранското Море и летниот одмор го поминува во соседна Хрватска. Легендарниот швајцарски тенисер објави фотографии од Истра, каде што ужива со семејството.

Федерер престојува во околината на Ровињ и на Пула. Според објавените фотографии, дел од времето го поминува покрај море, а заплови и по Јадранот.






Дестинацијата, според пренесените информации, му ја препорача неговиот долгогодишен пријател Иван Љубичиќ.

Од тенискиот терен директно на Јадранот

Федерер се повлече од професионалниот тенис во 2022 година. Оттогаш многу поретко може да се види во центарот на тениските случувања.

Летово реши да го помине одморот на хрватското приморје. На фотографиите позира покрај брегот во близина на Ровињ и плива во Јадранското Море.

Покажа и дел од малите туристички сувенири што ги пронајде во Хрватска.

„Го обожавам времето поминато на одмор со моето семејство“, напиша Федерер во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Јахтата не е единственото превозно средство

Поранешниот светски тениски рекет број еден дел од одморот го поминува пловејќи, но не се задржува само на морето.

Федерер се качи и на велосипед и ја истражува околината. Неговите фотографии предизвикаа бројни реакции од хрватските следбеници, кои му посакаа пријатен престој во Истра.

Швајцарецот во август наполни 45 години, а неговиот профил на Инстаграм го следат милиони луѓе.

Поврзани содржини