„ВОДОВОД“ ЈА ОБНОВУВА МРЕЖАТА НИЗ БИТОЛА Завршена првата делница на улица Дебарска долга 98 метри

КП „Водовод“ - Битола обнови 98 метри од водоводната мрежа на улицата Дебарска и 11 приклучоци. Претпријатието најавува втора фаза и нови зафати на повеќе локации низ градот.

45

КП „Водовод“ – Битола објави дека продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа во Битола.

Претпријатието ја заврши првата делница од реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Дебарска, во должина од 98 метри, при што се обновени и 11 водоводни приклучоци.






„Со тоа е завршена првата фаза од реконструкцијата, а во наредниот период продолжуваме со втората фаза, паралелно со реализација на нови активности за изградба и реконструкција на водоводната мрежа на повеќе локации низ Битола.

„ЈКП Водовод – Битола продолжува посветено со инвестиции во сигурна, современа и ефикасна водоводна инфраструктура, во интерес на граѓаните“, соопшти претпријатието.

Поврзани содржини