📽️ НАЈМАЛКУ 20 ЗГРАДИ СЕ УРНАА ВО КОЛУМБИЈА, СТИГНУВААТ ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ Ударот бил почувствуван и во 3 соседни земји

Бројот на жртвите во Колумбија расте од час во час. Меѓу загинатите има и три деца, а спасувачите трагаат по луѓе под урнатините.

203

Бројот на загинатите во силниот земјотрес во Колумбија продолжува да расте. Најновите информации од локалните власти говорат за најмалку 26 жртви, меѓу кои и 3 деца.

Земјотресот со магнитуда од 7,4 го погоди западниот дел на земјата. Колумбиската геолошка служба го означи како најсилниот регистриран земјотрес во земјата во последната деценија.






Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко. Потресот бил почувствуван и во Венецуела, Еквадор и во Панама.

 

3 деца загинаа под урнат ѕид 

Особено тешки информации пристигнаа од Вале дел Каука. Гувернерката Дилијан Франциска Торо соопшти дека три деца загинале во Калима Ел Дариен откако врз нив се урнал ѕид.

Уште едно лице загинало во Зарзал, а жртва била пријавена и во Буенавентура.

– Ситуацијата е сериозна – изјави Торо.

Претходно беа пријавени 18 загинати во Переира и уште три жртви во Манизалес.

 

Згради се уриваат, луѓе останаа под урнатините

Првичните информации говорат за најмалку 20 урнати објекти. Во Кали паднале повеќе згради, а спасувачите трагаат по луѓе за кои се стравува дека останале под урнатините.

Значителна штета има и во Кибдо. Оштетени се фасади и верски објекти во повеќе градови.

Дел од покривот на меѓународниот аеродром „Матекања“ се урнал. Екипите излегле на терен, а повеќе аеродроми привремено го прекинале работењето за безбедносни проверки.

 

 

Можни се нови потреси

Колумбиската геолошка служба регистрирала и последователни потреси. Еден од нив бил со магнитуда од 4,8.

Властите предупредија на можни нови потреси и почнаа проценка на штетите во погодените области.

Училиштата и универзитетите во Манизалес ги прекинаа часовите. Градот се наоѓа на помалку од 100 километри од епицентралното подрачје.

Опасност од цунами не е прогласена.

🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,1 СТЕПЕНИ ЈА ЗАТРЕСЕ КОЛУМБИЈА Се стравува дека има мртви, урнати се згради

 

Поврзани содржини