🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,1 СТЕПЕНИ ЈА ЗАТРЕСЕ КОЛУМБИЈА Се стравува дека има мртви, урнати се згради

Според првичните информации, има повредени и голема материјална штета, а потресот е почувствуван и во соседната Венецуела.

120

Силен земјотрес со интензитет од 7,1 степени ја погоди колумбиската пацифичка покраина Чоко.

Според првичните информации, има повредени и голема материјална штета, објави гувернерката на регионот на социјалната мрежа Икс.






Потресот е почувствуван и во главниот град Богота и во соседната држава Венецуела.

Гувернерката на Нубија, Каролина Кордоба-Кури, предупреди за последиците од земјотресот.

– Одделот Чоко беше погоден од разорен земјотрес. Загрижени сме за можни последователни потреси. Епицентарот беше во близина на Сан Хозе дел Палмар. Има повредени, а зградите во главниот град Кибдо претрпеа значителна штета. Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај – рече таа.

Националната единица за управување со ризици од катастрофи објави дека земјотресот е регистриран во 7:34 часот наутро. Епицентарот бил на длабочина од 79 километри.

Поврзани содржини