ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МОСТОТ ВО ДРАЧЕВО Возачите да очекуваат отежнат сообраќај

Реконструкцијата ја спроведува Јавното претпријатие за државни патишта, а од Град Скопје апелираат до граѓаните за трпение и почитување на сообраќајната сигнализација.

108

Град Скопје информира дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во населбата Драчево.

Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница. Од Град Скопје апелираат до жителите и сите учесници во сообраќајот да имаат трпение и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.






„Ги известуваме граѓаните на населбата Драчево дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме граѓаните за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред“, соопшти Град Скопје.

Од градските власти посочуваат дека реконструкцијата на мостот е значаен чекор за подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Се очекува во периодот додека траат работите возачите да се придржуваат до насоките на надлежните служби и да ја прилагодат брзината на движење согласно условите на патот.

Поврзани содржини