РОД СТЈУАРТ СТАНА ДЕДО ПО ШЕСТИ ПАТ Ќерката на славниот британски рокер го откри и емотивното значење на името на бебето
81-годишниот рокер слави ново семејно проширување, доаѓањето на свет на неговото шесто внуче, второ дете на неговата ќерка Руби која го откри и емотивното значење на името кое му го дадоа на бебето - Леви
Род Стјуарт (81) има голема причина за славење – неговата ќерка Руби Стјуарт (39) го роди своето второ дете и по шести пат го направи славниот британски рокер дедо. Руби и нејзиниот свршеник Џејк Калик добија син, кој го нарекоа Леви Родс Калик.
Бебето се родило на 4 август, било тешко околу 4,1 килограми и долго 50 сантиметри. Руби радосната вест ја објави на Инстаграм, споделувајќи низа фотографии од новороденчето и семејството.
Во емотивната објава Руби напиша дека нивното „мало, големо“ момче пристигнало и дека со неговото раѓање нивните срца „пораснале десетпати“.
– Неговото име Леви значи „моето срце“, а со неговото доаѓање нашите срца се зголемија десеткратно… Првата средба на Отис и Леви беше веројатно најубавото искуство во мојот живот досега… Отис е веќе најдобриот постар брат и сите сме лудо вљубени во ова слатко момче… Добредојде, сладок Леви! – напиша таа.
Со раѓањето на Леви, семејството на Род Стјуарт продолжува да се шири, а неговата бројка на внуци сега достигна шест. Род има осум деца од различни врски, а Руби е неговата ќерка со поранешната манекенка Кели Емберг. Токму Емберг се појавува на една од фотографиите што Руби ги објави по раѓањето, како го држи својот нов внук.
View this post on Instagram
Руби, која е музичарка, бременоста ја објави во април на фестивалот New Orleans Jazz & Heritag. Таму настапуваше и нејзиниот татко и тогаш таа го покажа своето стомаче за прв пат. На фестивалот беше придружувана од членови на семејството, вклучувајќи ја нејзината полусестра Кимберли (46), нејзиниот полубрат Лиам (31) и неговата сопруга Никол. Руби претходно настапуваше во кантри дуото „The Sisterhood“ и пееше на сцената со својот татко.
Интересно е што ова е второ големо проширување на семејството Стјуарт во краток период. Нејзината полусестра, моделот Кимберли Стјуарт, првпат се појави во јавност со својот син, кој се роди минатата година.
View this post on Instagram
Руби и Џејк Калик го добија својот прв син Отс во мај 2023 година, а парот се сврши неколку месеци пред неговото раѓање. Руби тогаш зборуваше за мајчинството како за љубов што никогаш претходно не ја почувствувала. Сега, три години подоцна, семејството има уште еден член.