📽️ МИЦКОСКИ ГО СПОДЕЛИ ПРОМО-ВИДЕОТО ЗА ГОЛЕМИОТ МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ Силно светнал ден, 35 години независност!

Настанот треба да кулминира на 8 септември во Скопје, а првиот спектакл е закажан за вечерва, во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

550

Премиерот Христијан Мицкоски го сподели промотивното видео за спектаклот за караванот „Силно светнал ден!“, музичко-сценски спектакл кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Настанот треба да кулминира на 8 септември во Скопје, а првиот спектакл е закажан за вечерва, во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Караванот со својот мултимедијален настап треба да посети 11 градови, до последните настани во Скопје, меѓу кои и настапи на легендите на електронската музика Пол Ван Дајк, Пол Окенфол и завршниот концерт на  Дејвид Гета на скопскиот стадион на 8 септември.






Претходно, на 4 септевмри е планирано на една сцена да настапат повеќе од 120 уметници.

„Силно светнал ден! 35 години независност!“ , напиша кратко претседателот на Владата.

Видеото го сподели и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

КАРАВАНОТ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ТРГНУВА ОД ОХРИД Големиот музички спектакл за 35 години независност ќе кулминира на 8 септември во Скопје

 

Поврзани содржини