ТОМ БЛАНШ ИЗБРАН ЗА ГЕНЕРАЛЕН ОБВИНИТЕЛ НА САД Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција

Сенато гласаше со 50-49 за изборот на Бланш, кој од април беше вршител на должноста генерален обвинител.

54

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го потврди поранешниот личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, Тод Бланш, за генерален обвинител на САД.

Сенатот, контролиран од републиканците, гласаше со 50-49 за изборот на Бланш, кој од април беше вршител на должноста генерален обвинител.






Неговата номинација привлече значителна проверка и критики, вклучително и од самата Републиканска партија на Трамп.

Републиканските сенатори Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Алјаска гласаа против неговото потврдување, приклучувајќи се кон сите демократи во сенатскиот дом.

Бланш го презеде Министерството за правда како вршител на должноста откако Трамп ја отпушти поранешната генерална обвинителка, Пам Бонди поради критиките за нејзиното справување со последиците од скандалот околу осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, кој почина во 2019 година.

Пред да стане вршител на должноста генерален обвинител, Бланш беше заменик-генерален обвинител. Тој се смета за лојален сојузник на Трамп.

Пред реизборот на Трамп, Бланш беше член на тимот на одбраната на Трамп во кривичниот судски процес во Њујорк за фалсификување деловни евиденции со цел да прикрие исплата за молк на порно актерка.

Поврзани содржини