📷 ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ВОЛКОВО, ИЗГОРЕ КУЌА Повреден е еден пожарникар

Жителите велат дека пожарот избувнал во мал канал и брзо ги разгорел дрвјата над него. Оттаму, поради брзиот ветер, се прошири преку сува ливада и зафати една куќа.

869

Голем пожар избувна денеска околу пладне во населбата Волково. Огнот зафати куќа, која целосно изгоре.

При гаснењето е повреден еден пожарникар, има изгореници на раката.






Пожарот се гасне со 4 противпожарни возила.

Жителите велат дека пожарот избувнал во мал канал и брзо ги разгорел дрвјата над него. Оттаму, поради брзиот ветер, се прошири преку сува ливада и зафати една куќа.

Додека ги чекаа пожарникарите жителите сами себореа со огнот, но тој беше моќен поради брзиот ветер и сувата вегетација. Жителите гаснеа со црева, со лопати, со канистри со вода, а на помош дојде и еден багер.

Поради интензитетот на пожарот постоење опасност да се запалат и куќите во непосредна близина на запалената куќа.

На терен дојде и полиција, како и брза помош, која му укажа помош.

Гаснењето на огноот е во тек,

Во околината на пожарот екипи на ЕВН го прекинаа снабдувањето со струја.

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

 

Фото: Плусинфо

 

Поврзани содржини